
Македонското женско лоби (МЖЛ) Македонското женско лоби (МЖЛ) е невладина организација формирана во 2001 година која ги обединува меѓуетничките, меѓупартиски и меѓуверските коалиции на жени од граѓанското општество, политичките партии, Собранието, локалните власти, синдикат, медиумите, како и индивидуалки посветени на подобрување на положбата на жените во Република Македонија и на општеството во целина. Заедно работејќи на прашања кои се однесуваат на еднаквите права и активното учество на жените во општеството, Македонското женско лоби придонесува не само за подобрување на положбата на жените во општеството, туку исто така и на општеството во целина. Во исто време, МЖЛ дејствува како силен интегративен фактор преку поттикнување на меѓусебната толеранција и премостување на етнички, верските и политичките граници. Мисија Мисијата на МЖЛ е постигнување на родова еднаквост во сите сфери на општествениот и јавниот живот преку застапувањето и лобирањето на национално и локално ниво каде што МЖЛ постигна значителни резултати со постигнување на законски реформи и измени како што се : Промени во политичкиот живот со формирањето на Клубот на Жените Парламентарки, лобирање и застапување за родова квота во Изборниот законик за учеството на жените во Собранието со 30% жени , измени во Законот за еднакви можности во 2006 и 2011 година. Во социјалната и економската сфера се направија голем број законски измени со цел подобрување на положбата на маргинализираните и социјално исклучените жени. Посебно видливи резултати се постигнати во промовирање и застапување за репродуктивното здравје на жените со измени во Законот з а јавно здравство , и законот за заштита на пациенти, , законот за породилно отсуство. МЖЛ Учествуваше во создавањето на декларација за семејно насилство и лобирање за државна помош на жртвите на семејно насилство преку обезбедување на државни финансии. По однос на тоа се донесоа неколку измени и дополнувања кои се воведени во законот за семејство и Законот за работни односи. Овие активности се проследени со многу работа на локално ниво и координација со нашите членови. Структура Структурата на МЖЛ се состои од Собрание, Работна Група, Извршен одбор од 9 члена , согласно на новиот Закон за здруженија на граѓани и фондации кои ги претставуваат организациите-колективни членки во мрежата на МЖЛ и индивидуални членки избрани на Годишно собрание. Исто така Надзорен одбор составен од 5 члена, како и Извршна канцеларија на чело со извршен директор и вработени лица.
Contact details:
Facebook: www.facebook.com/makedonskozenskolobilobi Twitter: https://twitter.com/MKWomensLobby Website: http://mzl.org.mk/en/ Email: [infoat]mzl-mk.org Address: 11 Oktomvri 42a House for Humanitarian Activities “Dare Dzambaz” office 60/61 MK – 1000 Skopje, Republic of North Macedonia Address: ул.11 Октомври бр.42а, Канцеларии 60 и 61 1000 Скопје, Република Македонија Telephone: + 389 2 3 231 933